Дома Останати Ракомет Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на оваа сезона заминува во пензија.

Легендарниот 39-годишен крилен напаѓач на хрватската репрезентација и моментално ракометар на Загреб најверојатно во четврток ќе го одигра последниот натпревар во кариерата кога Загреб со победа против Нексе може да обезбеди нова шампионска титула.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тоа е прв натпревар од плеј-офот со три победи, но се зема предвид и односот меѓусебни од регуларниот дел од сезоната. Загреб ги доби двата натпревари, па во пресрет на првиот плеј-оф натпревар води со 2:0 и му е потребна само една победа за шампионската титула.

Чупиќ кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце и Вардар каде што успеа да ја освои и титулата во Лигата на шампионите, а навивачите и денес го паметат како еден од милениците од тој состав на црвен-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…