Дома Фудбал Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегашен тим Ница.

Оваа вест во интервју ја потврди и претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер.

„Флорен Гизолфи си заминува, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добра личност и многу го цениме тоа. Му посакуваме се најдобро. Негово беше барањето да замине, а ние не сакавме да му стоиме на патот“, рече Ривер.

Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да плаќа оштета.

Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тијаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Илинден ја затвори есента со 11 победи и 58 гола: совршена низа за повисок ранг

Илинден е единствениот клуб во првите три македонски фудбалски ранга со победи на сите оди…