Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така остана непоразен со што ја заврши сезоната без ниту еден пораз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Досега во Германија ниту Баерн, ниту било кој друг не тим не успеал да стигне до титулата на ваков начин, а Леверкузен се придружи на Јувентус, Арсенал и Милан кои се единствени екипи кои освоиле некое првенство од најсилните пет без пораз.
Избраниците на Чаби Алонсо така сосема заслужено стигнаа до трофејот. Сезоната ја заврши со 28 победи и шест нерешени натпревари, постигнаа 89 голови, а примија 24.
Во сите натпреварувања се во серија од 51 натпревар без пораз и сега им остануваат уште два меча за неверојатен успех и тројна круна без изгубен натпревар.