Минесота успеа да израмни на 3:3 во полуфиналната серија откако изминатата вечер го декласираше Денвер со убедливи 45 поени разлика (115:70).
Со овој пораз Денвер постави и нов анти-рекорд, бидејќи никогаш не се случило еден бранител на трофејот во плеј-офот да загуби со толкава разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денвер на теренот парираше само во првите минути кога беше 9:2, а потоа следуваше серија од 27:2 на Минесота, во тој период Јокиќ и друштвото беа без кош пет минути. На паузата резултатот беше 59:40, додека највисокото водство на Минесота беше некаде на четири минути пред крајот кога имаа 50 разлика (114:64).
На Денвер ништо не му одеше, не беше ниту Јокиќ на своето препознатливо ниво, иако постигна 22 поени и додаде девет скока. Џамал Мареј имаше 4/18 од игра, Портер 3/9…додека целиот тим на Нагетс имаше 30% успешност во шутевите од игра. Едвардс со 27 поени беше најефикасниот кај Минесота.
Последниот меч кој ќе го даде патникот во финалето се игра в недела навечер на теренот на Денвер.