Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Роналдо со неговиот богат договор во Саудиска Арабија.
Според проценките на весникот, годишните примања на Роналдо изнесуваат 260 милиони долари, од кои 200 милиони се плата според договорот со клубот, а уште 60 милиони инкасирани средства од спонзори.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На трето место на листата на „Форбс“ е Лионел Меси, кој за последнава година инкасирал речиси двојно помалку од својот долгогодишен ривал, односно 135 милиони евра.
Во топ 10 најплатени спортисти се уште три фудбалски ѕвезди (Мбапе, Нејмар и Бензема), а останатите се НБА ѕвезди и еден НФЛ играч.