Дома Фудбал Англија Гвардиола испрати јасна порака пред дербито со Тотенхем

Гвардиола испрати јасна порака пред дербито со Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити утре гостуваат на Тотенхем, а Пеп Гвардиола смета дека победата за неговиот тим е обврска во овој натпревар.

Сити има бод помалку од Арсенал кој има меч повеќе, а токму гостувањето кај Тотенхем е тој заостанат натпревар за „граѓаните“. Пеп е убеден дека Сити нема да стане шампион доколку во последното коло влезе со ист број бодови како и Арсенал.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ако не го победиме Тотенхем, нема да ја освоиме титулата. Дојдовме овде само со една опција – да победиме. Знаеме за што играме и позитивниот притисок и фокусот ќе бидат таму“, јасен беше шпанскиот стратег.

Тотенхем го смета за тежок ривал.

„Имам огромна почит за се што направи Постекоглу. Тотенхем има одличен тим и нема да го потцениме“, изјави Пеп.

Гвардиола најави и дека за овој натпревар најверојатно ќе бидат спремни Џек Грилиш и Нејтан Аке. Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…