Дома Останати Кошарка НБА Никогаш не го отпишувај шампионот: Јокиќ повторно блесна, Денвер израмни против Минесота!

Никогаш не го отпишувај шампионот: Јокиќ повторно блесна, Денвер израмни против Минесота!

Бранителот на титулата во НБА лигата, Денвер израмни на 2:2 во полуфиналето на Западната конференција откако во вториот меч славеше со 115:107.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јокиќ и друштвото славеа како гости со 115:108 и така сега ќе ја имаат предноста на домашниот терен бидејќи во следните три натпревари два ќе играат пред својата публика. Но, во оваа серија досега во четирите натпревари ниту еднаш не победи домашната екипа.

Денвер успеа да го преживее и одличниот Ентони Едвардс кој постигна 44 поени. Одлучувачката предност Денвер ја направи во првото полувреме кое го доби со 63:49, додека во третиот период дојде и до највисоките 18 поени разлика. Успеа Минесота да се доближи на шест поени негатива во завршницата, но не и да ја загрози победата на шампионот.

Јокиќ и во овој натпревар беше предводеник на Денвер со 35 поени, но со солиден настап изненади Ерон Гордон. Натпреварот тој го заврши со 27 поени, седум скока и шест асистенции.
Индијана исто така израмни на 2:2 откако на домашен терен го победи Њујорк со 121:89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…