Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и до крајот на сезоната би можел да сруши рекорд кој е стар цели 45 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, македонскиот напаѓач зад своето име 25 гола во сите конкуренции, а последен пат еден играч на Абердин 30+ гола во сезона имал во далечната 1978/1979.
Абердин до крајот го очекуваат уште три натпревари, па така не е невозможно Македонецот да стане првиот играч во Абердин кој дал повеќе од 30 гола по скоро половина век.
Последниот на кого му успеало тоа беше Џо Харпер, тој таа сезона ја заврши со 32 гола.