Дома Останати Кошарка Шек в лице му кажа на Јокиќ дека не ја заслужува наградата МВП. Еве што му одговори Јокиќ

Шек в лице му кажа на Јокиќ дека не ја заслужува наградата МВП. Еве што му одговори Јокиќ

НИКОЛА ЈОКИЌ (29) по трет пат е најкорисен играч во НБА, објави лигата. Од вкупно 99 гласови, 79 го ставија Јокиќ на прво место, за 18 беше втор, а двајца го ставија на третото место. Тоа му донесе вкупен резултат од 926 поени и убедлива победа над играчот на Оклахома, Шеј Гилџис-Александер. Лука Дончиќ беше трет во рангирањето, а Јанис Антетокунмпо четврти.

Легендарниот Шекил О’Нил беше разочаран од победата на Јокиќ: “Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам. Но сакам прво да го слушнеш ова од мене: Мислам дека SGA ( Шеј Гилџис-Александер) требаше да биде МВП, тоа не е непочитување кон тебе“, му рече О’Нил директно на Јокиќ и додаде:

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не сакам да им ја расипувам забавата на луѓето, но не сум задоволен со ова. Шеј ја заслужува наградата, на што Јокиќ одговорил: “Фала, Шек. Овде не ги осудуваме луѓето, па знаеш дека е во ред. Тоа е твое мислење. Се шегувам”, низ смеа рече центарот на Денвер, а потоа додаде:

„Не, сериозно. Мислам дека има многу играчи кои го заслужуваат тоа. Знаете, веројатно се мали нешта и ситници. Но да, имавме тешко време. Загубивме два натпревари по ред дома. Утре одиме во Минесота за да се обидеме да ја вратиме серијата во Денвер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот тренер кој прв дојде до 1000 победи во НБА

Легендарниот кошаркар и тренер во НБА, Лени Вилкенс, почина на возраст од 89 години. Негов…