Младиот 24-годишен Николо Заниоло сезонава се навикнуваше на Премиер лигата, а како што стојат работите би сакал и да остане.
Овој играч од средниот ред ја напушти Рома минатиот јануари (2023 година), а по шест месеци минати во Галата сега е во Премиер лигата каде настапува за Астон Вила и каде навистина не се покажа во најдобро светло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент Вигорели истакна дека сега Николо размислува само за крајот на сезоната, а потоа и за Европското првенство.
„Размислуваме само да ја завршиме сезоната како што треба. Премиер лигата е одлично искуство и воопшто не значи дека нема да ја продолжиме“, изјави Клаудио Вигорели.
На 38 натпревари оваа сезона Заниоло постигна три гола. Тој се уште е играч на Галатасарај на позајмица во Астон Вила, па секој што сака да преговара со Заниола и Вигорели ќе мора прво да контактира со турскиот клуб.