Дома Фудбал УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбалери, место 23, објавија британските медиуми.

Одреден број селектори имаа барање да се зголеми бројот на фудбалери поради густиот распоред во текот на сезоната и можните повреди.

На крајот Европската куќа на фудбалот и дозволила такво нешто. На Европското првенство во 2021 година, УЕФА исто така дозволи проширување на списокот поради пандемијата со коронавирусот која тогаш правеше проблеми во светот.

Одлуката се уште не е официјално донесена бидејќи извршниот одбор на УЕФА треба да ја потврди, сепак тоа ќе биде само формалност бидејќи се друго е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…