Дома Фудбал Веста на денот во Шпанија: Се враќа Тибо Куртоа!

Веста на денот во Шпанија: Се враќа Тибо Куртоа!

Веста на денот во шпанскиот фудбал е враќањето на белгискиот голман Тибо Куртоа.

„Да, тој е добро. Утре ќе игра по подолго време. Тоа се добри вести, како и со Милитао, многу е возбуден“, изјави Анчелоти.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Покрај Куртоа, тој потврди дека стартер ќе биде и Арда Ѓулер, првпат во кариерата во Реал Мадрид кога се во прашање првенствените натпревари.

Она што многумина ги интересира е кој ќе брани сега во Лигата на шампионите, кога Куртоа е спремен да застане на голот. Италијанскиот стратег истакна дека против Баерн изборот ќе биде Лунин.

„Лунин ќе брани против Баерн“, потврди Анчелоти, а остана мистериозен за можното финале на Реал.

Куртоа се повреди во текот на припремите за оваа сезона, се очекуваше да се врати во март, но тогаш повторно се повреди и сега конечно е подготвен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заработката на Меси во Интер Мајами јасно покажува зошто си замина од ПСЖ

Неверојатната сума пари што ја заработи фудбалската легенда, Лионел Меси, додека играше за…