Според последните информации од Германија и Островот премиерлигашите Арсенал и Ливерпул водат битка за фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт.
Имено, 22-годишниот Вилијан Пачо од Еквадор е интересен за двата гиганти од Премиер лигата кои сезонава заедно со Манчестер Сити се борат за титулата во најсилното англиско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Германците нагласуваат дека претходно интерес за Пачо покажал и Реал Мадрид за кого навикнавме во последните години да се засилува со млади талентирани и квалитетни фудбалери.
Најавите се дека Франкфурт нема да го пушти Пачо за сума под 50 милиони евра, а ако успеат во нивната намера тоа за нив ќе биде супер заработка. Еквадорецот во германскиот клуб пристигна минатото лето за девет милиони евра.