Дома Фудбал Скандал: Фудбалер на Барселона славеше титула со друг шпански клуб

Скандал: Фудбалер на Барселона славеше титула со друг шпански клуб

Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез предизвика голем скандал бидејќи со приватен авион отишол на прославата на трофејот на Aтлетик Билбао.

32-годишниот стопер на Барселона во минатото правеше потези кои во најмала рака се дискутабилни, но овојпат веројатно ја помина границата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мартинез, со приватен авион заминал во Билбао за со навивачите да ја прослави победата на Атлетик во шпанскиот Копа дел Реј.

Билбао го освои Копа дел Реј на 6. април победувајќи ја Мајорка во финалето на пенали, а претходната вечер беше организирана голема прослава.

Мартинез се приклучи на играчите на Атлетик кои со чамци славеа во реката и покажаа непочитување кон неговиот сегашен клуб Барселона.

Ова не е прв пат Мартинез да предизвикува скандали. Тој порасна во Реал Сосиедад, лутиот ривал на клубот од Билбао и секогаш велеше дека никогаш нема да се пресели во Атлетик, за потоа да заигра за овој клуб во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ќе ја предводи Португалија на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, го објави пошир…