Како што стојат работите македонскиот напаѓач Александар Трајковски е пред заминување од Хајдук во летото кое следи, иако има договор до летото 2025 година.
Според информациите на „Спортске Новости“ клубот планира промени кои не го вклучуваат Трајковски. Денеска беше сменет и претседателот Лукша Јакобушиќ, па на пролет е најавуваат промените во играчкиот кадар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од доаѓањето во Хајдук Трајковски вкупно одигра 300 минути на десет натпревари, па клубот наводно планира раскин на соработката.
„Трајковски има само еден гол сезонава, а од почетокот на ноември одигра само 21 минута во првенството. Не навлегуваме во висината на неговата плата, но со оглед на тоа колку одигра и што пружи, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“, стои во делот за македонскиот репрезентативец.