Ромелу Лукаку се обидува да се наметне во Рома, но во изминатиот период повторно не прикажува настапи какви што се очекува од него. Поради тоа се води кон тоа курпулентниот Белгиец полека да заврши со европскиот фудбал.
Откако Даниеле де Роси седна на клупата на Рома, формата на „волчицата“ се подигна, но спротивно се случи со индивидуалниот учинок на Лукаку. За четири месеци Лукаку постигна само три гола и прашање е дали Рома воопшто треба да го задржи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на тоа што се уште е играч на Челзи Рома, според договорот за негов откуп римскиот клуб треба да плати околу 80 милиони евра. Колку што се за обештетување и за платата од тригодишниот договор,впечатокот е дека во Рома не сакаат да потрошат толку голема сума на Лукаку.
Но, затоа тука се клубовите од Саудиска Арабија на кои нема да им биде проблем да ја платат оштетата од 40-50 милиони евра и да му дадат на Лукаку плата каква што посакува.