Дома Топ вести Манчестер Јунајтед му нуди трампа на Јувентус

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на Јувентус

Манчестер Јунајтед и Јувентус може да направат спектакуларна трампа во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Имено, Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови.

Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.

Манчестер Јунајтед пак е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер и е спремен да го понуди Гринвуд како дел од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…