Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ руши уште еден рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ руши уште еден рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ ја започна 419-та недела на врвот на АТП листата, иако Италијанецот Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами победувајќи го Григор Димитров во финалето (6:3, 6:1).

Синер со победата сега е пред Карлос Алкараз, станувајќи најдобро рангираниот Италијанец во историјата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѓоковиќ успеа да го зголеми вечниот рекорд по број на недели поминати на врвот и следниот понеделник ќе собори уште еден голем рекорд.

На 8 април, Ѓоковиќ ќе има точно 36 години и 322 дена и така ќе го собори рекордот на Роџер Федерер станувајќи најстариот тенисер на прво место. Србинот е прв со 9.725 бодови, второпласиран е Синер со 8.710, додека третопласиран е Алкараз со 8.645 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …