Дома Фудбал Англија Еди Хау: „Болеста“ на Тонали не престана кога дојде во Англија

Еди Хау: „Болеста“ на Тонали не престана кога дојде во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари.

Тој во моментов отслужува десетмесечна суспензија поради обложување од времето во Италија пред да се пресели во Њукасл, но сега ФА го обвини за истото како играч од Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не знам дали санкцијата на Сандро ќе биде зголемена. Се надевам дека нема да има поголеми последици по него. Сандро Тонали веќе претрпе доволно. Тој беше многу искрен и призна дека има проблем за кој побарал помош. Оваа негова болест не заврши магично после неговото преселување во Англија“, изјави тренерот на Њукасл.

„Мислам дека луѓето треба да гледаат на тоа на тој начин наместо да го казнат дополнително, бидејќи мислам дека тоа нема да допре до коренот на проблем. Ние ги штитиме сите наши играчи. Тоа е нешто што може да му се случи на секого, станува сѐ поголем проблем во општеството. Тоа не е само проблем на Сандро“, додаде Еди Хау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…