Дома Фудбал Двајца италијански репрезентативци под истрага за обложување

Двајца италијански репрезентативци под истрага за обложување

ИТАЛИЈАНСКИОТ фудбал го тресе скандал со обложување. Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли веќе им призна на истражителите дека се обложувал на фудбалски натпревари, а сега се појавија истите индиции поврзани со имиња многу попознати од 22-годишниот играч за врска на Старата дама.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Сандро Тонали (23) и Николо Заниоло (24), италијански репрезентативци и играчи на англиските премиерлигаши Њукасл и Астон Вила.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането директно или индиректно да обложуваат, а оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парична казна од не помала од 25.000 евра и забрана за играње до три години.

Газета дело Спорт пишува дека истражителите поседуваат аудио снимки кои ја докажуваат вмешаноста на двајцата играчи и дека Заниоло додека бил играч на Рома дури се обложувал на натпреварот од Купот на Италија на кој седел на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Крилниот играч на Челси Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во италијанска…