Дома Фудбал Италија Манчини: Трансферот на Тонали е доказ дека Италија има сериозен проблем

Манчини: Трансферот на Тонали е доказ дека Италија има сериозен проблем

Сандро Тонали го напушта Милан и кариерата ќе ја продолжи во Њукасл кој за неговите услуги ќе плати околу 80 милиони евра, а според селекторот Роберто Манчини овој трансфер е доказ дека Италија има сериозен проблем.

Настапот во Премеир лигата ќе му помогне на Тонали, но Манчини не е среќен што така млад и квалитетен фудбалер си заминува од Италија.

„Трансферот на Тонали кој е млад и квалитетен фудбалер доказ дека италијанскиот фудбал има сериозен проблем, поради тоа сум разочаран. Од друга страна Премиер лигата ќе му помогне да напредува и тоа ќе биде убаво искуство за него“, изјави Манчини.

Њукасл наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите и Тонали се очекува да биде еден од нивните најважни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барѕаљи со светла иднина како тренер, вели Балдини

Силвио Балдини, селекторот на Италија У21, е импресиониран од својот асистент Андреа Барѕа…