Дома Фудбал Италија Тонали спремен да признае се, само да му ја намалат казната

Тонали спремен да признае се, само да му ја намалат казната

Изминатите денови фудбалска Италија ја тресе скандал за нелегдално обложување на фудбалери, а во центарот на вниманието се Фаџоли, Заниоло и Тонали.

Играчот на Њукасл, Сандро Тонал одлучил целосно да соработува со истражните органи во обид да си ја спаси кариерата. Според „Газета дело Спорт“, поранешниот фудбалер на Милан одлучил да признае апсолутно се во врска со скандалот со нелегалните обложувалници.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со ваквиот потег, Тонали и неговите адвокати сакаат да ја намалат потенцијалната казна што ќе ја добие обвинетиот. Италијанската федерација изрекува високи казни од минимум три години доколку се докаже дека фудбалер се коцкал, со казна до пет години доколку се утврди дека сторителот се обложувал на натпреварите на својот тим. Такви се сомнежите за самиот Тонали, за кој има сомнение дека се обложувал на натпреварите на Милан додека беше играч на „росонерите“.

Ако Тонали се договори за признавање вина, првата потенцијална казна од три години автоматски ќе се преполови на 18 месеци. Во случај Италијанецот да даде дополнителни информации за да помогне во истрагата, санкцијата може да се намали на десет месеци.

Сепак, планот може да не успее доколку навистина се потврди дека Тонали се обложувал на фудбалски натпревари со учество на Милан. Во таков случај, италијанската федерација ќе сака да изрече најстрога можна казна за да даде јасен сигнал дека ќе има тотална нетрпеливост за ваквите постапки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…