Македонската фудбалската репрезентација на вториот контролен натпревар во Анталија загуби од Црна Гора со 1:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонија тргна многу подобро на почетокот од мечот, но како што одминуваше времето Црногорците се консолидираа и во самата завршница од првиот дел преку искусниот Јоветиќ стигнаа до предност.
Се очекуваше Македонија да се обиде во вториот дел да ја анулира негативата, но ние одигравме лошо во второто полувреме. Спорадично се заканувавме и не создадовме ниту една зрела шанса, па Црна Гора запиша победа со 1:0.