Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус му ја отворил излезната врата на Филип Костиќ и веќе почнал да бара замена за Србинот.
Прва желба е младата ѕвезда на Лион, Рајан Черки, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе во Торино, бидејќи е голема желба на Алегри.