Димитров освои еден сет, повеќе од тоа против најдобриот тенисер во светот едноставно не можеше.
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во финалето на турнирот во Пекинк откако го совлада осминиот тенисер во светот, Григор Димитров после три сета 6:3, 4:6 и 6:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мечот помеѓу Надал и Димитров траеше два часа и 17 минути. Благодарение на брејкот во четвртиот гејм Надал поведе, Димитров успеа да возврати во вториот сет во кој два пати направи брејк.
Третиот сет во целост му припадна на Шпанецот, а Димитров успеа да освои само еден гејм, па така Рафа се пласираше во финалето.
Надал во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Ник Кирјос и Александар Зварев. Во финалето Надал ќе се обиде да стигне до шестата титула на овој турнир.