Дома Фудбал Франција со три големи ѕвезди на Олимпијада

Франција со три големи ѕвезди на Олимпијада

Француските медиуми пренесуваат дека Килијан Мбапе, Оливие Жиру  и Антоан Гризман ќе бидат дел од олимпискиот тим.

Фудбалските репрезентации на Олимписките игри се составени од фудбалери до 23 години плус може да бидат повикани тројца постари играчи од таа возраст.

Анри има план да ги повика Мбапе, Гризман и Жиру. Олимпијадата се одржува во Париз, па Франција сака да направи силна селекција која ќе атакува на трофејот.

Проблемот е што Олимписките игри не се во календарот на ФИФА и клубовите немаат обврска да ги пуштат играчите на олимпискиот турнир кој ќе трае од 24 јули до 10 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал сака напаѓач од Борнмут, но јануарскиот план на Артета има пречка

Ели Жуниор Крупи е меѓу напаѓачките опции што ги разгледува Арсенал. Борнмут, сепак, сака …