Голманот на Рома, Миле Свилар неодамна реши да ја одбие поканата на српската репрезентација за да го промени спортското државјанство и да заигра за својата земја на раѓање, Белгија.
Иако Свилар одигра пријателски натпревар за Србија против Катар, Белгијците сметаа дека е можно Свилар да игра за нивната селекција, но се чини дека тоа нема да може.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова го откри селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, кој сакаше да го додаде 24-годишниот голман во својот тим веќе во наредниот период.
„Не го поканив Свилар затоа што едноставно не може да игра за нас. ФИФА и стручњаците за спортско право ни објаснија дека не може да ја смени федерацијата“, изјави Тедеско, а пренесува „Nieuwsblad Sport“.
Миле Свилар е вистинско откритие во тимот на Рома, а одлична можност да го покаже својот квалитет доби од новиот тренер на Рома, Даниеле Де Роси па стана прв чувар на мрежата на римскиот клуб.