Пари Сен Жермен работи и се подготвува за „живот без“ Килијан Мбапе, а како што пренесуваат шпанските медиуми ново име на листата за негови можни наследници е Ламин Јамал.
Марка денеска објави дека ПСЖ подготвил понуда од дури 200 милиони евра, но Барселона не сакала ниту да преговара за продажба на Јамал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сумата од 200 милиони евра би го направила Јамал втор најголем трансфер во историјата на фудбалот. На првото место е Нејмар кој исто така од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.
Оваа понуда за Јамал ја соопштил неговиот агент Жорж Мендеш кој во текот на изминатата недела беше виден во Барселона, а медиумите претпоставуваа дека се појавил во просториите на клубот да преговара за иднината на Жоао Феликс и Кансело.
Сепак, во Каталонија се свесни дека Јамал е иднината може да биде и нивни главен играч во наредните години, па затоа и ќе направат се за да го задржат. Не треба да се зборави дека во јуни тој полни 17 години, а веќе прикажува одлични настапи.