Дома Фудбал Желбата на Баерн за наследник на Тухел потпиша нов договор: Не ни помислив да заминам

Желбата на Баерн за наследник на Тухел потпиша нов договор: Не ни помислив да заминам

После Чаби Алонсо и неверојатниот Баер Леверкузен, Штутгарт кој го води Себастијан Хенес е големо изненадување сезонава во Бундес лигата.

Лани едвај обезбедија опстанок во елитата, а оваа сезона фудбалерите на Штутгарт изненадија многумина со своите игри и резултати.

Моментно се на третата позиција во германскиот шампионат и имаат шанса после 15 години повторно бидат дел од групната фаза во Лигата на шампионите.

За ваквиот огромен чекор на клубот најголеми заслуги има 41-годишниот тренер Себастијан Хенес.

Хенес официјално потпиша нов договор со Штутгарт кој ќе трае до 2027 година.

„Не ни помислив да се збогувам со Штутгарт на крајот од сезоната. Овде сум на вистинскиот пат и можеме да направиме некои големи работи. Многу сум задоволен што го продолжив договорот“ – вели Хенес

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…