Германскиот „Билд“ денеска тврди дека Лука Модриќ има повеќе опции за продолжување на кариерата ако се потврдат најавите дека ќе го напушти кралскиот клуб ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ го носи дресот на Реал Мадрид 12 години и оваа година може да биде негова последна. Најмногу Хрватот се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и МЛС лигата, но изгледа ќе има опции и да остане во европскиот фудбал.
Германците пишуваат дека капитенот на репрезентацијата на Хрватска сигурно ќе има понуди од европските клубови. Летото ќе го донесе одговорот на прашањето каде ќе продолжи Модриќ и дали ќе замине, меѓутоа сега се откриваат детали за понуди од Турција.
Наводно, Фенербахче и Галатасарај припремаат понуда за хрватскиот играч за врска и тие понуди се еднакви или слични. Двата турски клуба наводно се спремни да му понудат договор на една година со опција за продолжување на дополнителна сезона и годишни примиња од 3.5 милиони евра.