Во викендот кој е зад нас Валенсија и Реал Мадрид ги поделија бодовите 2:2, а по оваа средба најмногу се зборува за потегот на судијата Хесус Хил Манзано во завршницата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манзано досуди крај на натпреварот само неколку секунди пред Реал да постигне гол за 3:2. Ваквиот негов потег предизвика многу коментари, а сега се огласи и Жерар Пике.
Пике смета дека грешката Манзано ја направил што претходно означил крај на натпреварот. Исто така тој посочи дека Манзано е судија кој знае често пати да погреши.
„Сите знаеме на какво ниво е. Ме исклучи на „Ел Садар“ кога јас не кажав ништо. Тоа сега не ми е многу важно, тој има историја што не ја разбирам, кога сте меѓународен судија мора да сте на високо ниво. Не е првпат да направи таков скандал.
Разбирам зошто во Мадрид се жалат, требаше да свирне крај многу порано, кога веќе задоцни немаше смисла да означува крај при нафрлкување“, изјавил екс-фудбалерот на Барселона.