Дома Фудбал Ристовски ги загуби нервите во дербито: Удри противнички играч, но се извлече 🎥

Ристовски ги загуби нервите во дербито: Удри противнички играч, но се извлече 🎥

Во хрватското првенство вчера Осијек и Динамо Загреб одиграа без победник (1:1). Домашниот тим со голот на Домагој Буквиќ прв дојде до водство, а Динамо преку Сандро Куленовиќ изедначи и дојде до бод.

По овој натпревар хрватските медиуми пишуваат и за потегот на македонскиот фудбалер Стефан Ристовски. Во една ситуација Ристовски ги загуби нервите и го удри противничкиот фудбалер Дарко Нејашмиќ.

Ристовски имаше среќа, па ниту судијата на теренот, ниту во ВАР собата не реагираа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити повторно падна: Делап со два гола го разбуди Форест!

Нотингем Форест славеше со 3-1 и излезе од зоната за испаѓање, а Манчестер сити го претрпе…