Дома Фудбал Останато Барселона ќе има проблем: Брајтон ја одреди цената за Де Зерби

Барселона ќе има проблем: Брајтон ја одреди цената за Де Зерби

Италијанскиот стратег кој одлично го води Брајтон Роберто Де Зерби е еден од фаворитите за клупата на Барселона откако Чави ќе замине на крајот на сезоната. Сепак, на Барселона нема да и биде лесно да го доведе.

Имено, Брајтон цврсто стои на ставот дека секој кој го сака Де Зерби ќе мора да ја плати откупната клазула во неговиот договор, а таа изнесува 15 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поради финансиската ситуација во Барселона која се уште не е на потребното ниво, каталонскиот гигант нема да одвои вака висока сума за да купи тренер и веројатно ќе побараат други решенија.

Како фаворит од останатите алтернативни решенија се наведува Германецот Ханси Флик кој наводно веќе имал и разговори со раководството на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…