Полицијата во Хрватска го извести грчки ПАОК дека навивачите на клубот нема да добијат дозвола за патување на 1/8 финалниот натпревар помеѓу овие две екипи во Конференциската лига.
Истата забрана ќе важи и за навивачите на Динамо Загреб во Солун. Ваквите случувања се најмногу донесени поради нередите кои се случуваа во Атина на почетокот од сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на ПАОК нема друг избор освен да ги следи насоките од хрватската полиција. Претходно ваквиот предлог го прифати и УЕФА.
Првиот натпревар помеѓу двата тима се игра на 7-ми март во Загреб, додека една недела подоцна следи реваншот во Солун.