Дома Фудбал Зошто Покетино не се поздрави со газдата на Челзи? 🎥

Зошто Покетино не се поздрави со газдата на Челзи? 🎥

Tимот на Челзи вчера беше поразен во финалето од Лига Купот против Ливерпул по продолженија (0:1). По натпреварот беше забележана една ситуација на трибините во која во центарот на вниманието се најде тренерот на „сините“ Маурисио Покетино.

Имено, Покетино додека поминуваше покрај ложата се поздрави со неколку луѓе, но не и со сопственикот на клубот Тод Боели. Американецот тргна да се поздрави со аргентинскиот стратег, но тој си замина.

Засега не е познато дали станува збор за некоја случајност и Покетино не го забележал или пак помеѓу двајцата владее некаква нетрпеливост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иста титула, многу поскапа сметка: Колку го чини Наполи ерата на Конте?

Конте и Спалети му донесоа по едно скудето на Наполи, но финансиската разлика е огромна: з…