Дома Топ вести Хрватите најавуваат сензација: Модриќ пред враќање во Динамо!?

Хрватите најавуваат сензација: Модриќ пред враќање во Динамо!?

Хрватските медиуми, прво „Индекс“, а потоа и „24сата“ најавуваат сензационално враќање на Лука Модриќ во Динамо Загреб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хајдук во зимскиот преоден рок ги врати Иван Перишиќ и Јосип Брекало, додека сега Модриќ може да биде одговорот на сплитскиот тим. Но, покрај Модриќ се споменува и Дејан Ловрен.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува следното лето и како што во овој момент стојат работите понуда да продолжи да игра на теренот нема да добие. Се шпекулираше за понуда во стручниот штаб, меѓутоа Модриќ сака да продолжи со играњето фудбал.

Информациите на Хрватите се дека првиот човек на Динамо, Мирко Баришиќ стапил во контакт со Модриќ и му порачал дека вратата во матичниот клуб за него секогаш е отворена и сакаат да го видат во дресот на „модрите“.

Исто така се додава дека и Модриќ е заинтересиран за понудата и во наредните денови преговорите би требало да се интезивираат. Ако Модриќ премине во Динамо Загреб, тоа за него би било враќање во овој клуб по цели 18 години. Ќе потсетиме, во Динамо Загреб веќе настапуваат македонските фудбалери, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Вардар ќе игра на позајмица во Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го обезбеди потписот на Ибрахим Оласебикан, кој во наредната сезон…