Црногорскиот ватерполист, Алекс Укропина падна на допинг тест и поради тоа ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз во летото кое следи и долго ќе биде надвор од базените.
Леворакиот ватерполист бил тестиран на 21. јануари, непосредно пред почетокот на припремите за Светското првенство. Според информациите на црногорските медиуми паднал на лек за инхалирање.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така како што се дознава тој не барал „Б“ примерок туку ја признал вината и до крајот на месецот ќе треба да даде објаснување како дошло до конзумирање на ова недозволено средство.
Информацијата дека Укропина е позитивен на Црна Гора и била пренесена по четвртфиналето против Шпанија во Доха и поради тоа тој беше на трибините за натпреварите со Грција и Унгарија. Минималната казна за ваквиот прекршок изнесува шест месеци.