Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед понудил 70 милиони евра за еден од најважните фудбалери на Јувентус

Maнчестер Јунајтед понудил 70 милиони евра за еден од најважните фудбалери на Јувентус

Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 70 милиони евра на Јувентус за ангажман на одличниот бразилски дефанзивец, Желсон Бремер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бремер минатата година стави потпис на нов договор со Јувентус кој има важност до 30-ти јуни 2028 година.

Наводно, скаутите на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци го следат Бремер и неговите настапи во Јувентус.

Исто така се шпекулира дека Бремер може да биде еден од фудбалерите кои ќе си заминат од Јувентус со цел клубот да му овозможи поголеми финансии на новиот спортски директор Џунтоли.

Бремер во редовите на Јувентус пристигна во 2022 година од Торино и досега одигра 67 натпревари во дресот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…