Дома Фудбал Во Абердин бесни: ВАР поништи чист гол на Миовски за голем пресврт!

Во Абердин бесни: ВАР поништи чист гол на Миовски за голем пресврт!

Бојан Миовски можеше одново да биде херој на Абердин, но ВАР не дозволи.

Абердин во вчерашниот натпревар се врати од 0:3 до 3:3, а Миовски ја затресе мрежата за 4:3. Сепак, судиите реагираа и го поништија голот поради недозволена позиција.

На повторената снимка изгледаше дека ситуацијата е регуларна, но изненадувањето пристигна кога се нацртаа линиите.

По натпреварот, тренерот на Абердин, Нил Ворнок отворено зборуваше за оваа судиска одлука.

„Ги видов линиите и не можам да разберам кој ги нацрта. Никој не може да ме убеди дека голот на Миовски е офсајд“, изјави Ворнок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не Медисон, ниту Кудус: Ван де Вен откри кој е техничарот број еден во Тотенхем

Мики ван де Вен го избра Вилсон Одобер за највешт со топката во Тотенхем, додека француско…