Нова победа на првиот тенисер во светот на турнирот во Пекинг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот тенисер во светот, Шпанецот Рафаел Надал денес се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг откако го победи Русинот, Хачанов во два сета (6:3, 6:3).
Шпанскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против Американецот Џон Изнер. Изнер е 17 тенисер во светот и денес го победи Леонард Мајер од Аргентина со 6:0 и 6:3.
Во второто четвртфинале ќе играат подобрите од дуелот помеѓу Бердих и Рубљов, како и мечот кој ќе го одиграат Италијанецот Фонњини и Германецот Зверев.