Дома Останати Кошарка НБА Ново шоу на Дончиќ: Го раскрвареа и му ја „пукнаа“ брадата, а тој врати со – брутален трипл-дабл!

Ново шоу на Дончиќ: Го раскрвареа и му ја „пукнаа“ брадата, а тој врати со – брутален трипл-дабл!

Tимот на Далас го совлада Вашингтон со 112:104 благодарение на пресвртот во последната четвртина, а и овој натпревар помина во знакот на Лука Дончиќ кој запиша трипл-дабл.

За Дончиќ ова беше десеттиот трипл-дабл во сезоната и до него стигна со учинок од 26 поени, 15 асистенции и 11 скока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Треба да се напомене и дека до трипл-даблот стигна иако противничките кошаркари играа грубо против него. Еден од кошаркарите на Вашигтон прво го удри во носот од каде му течеше крв, а во третата четвртина му ја „пукнаа“ брадата, па мораше да биде сошиен среде натпревар.

Не се откажа Дончиќ се врати и на осум минути до крајот кога неговиот тим губеше со девет поени разлика ги презема работите во свои раце и беше најзаслужниот за пресвртот.

Џејсон Кид, тренерот на Далас по натпреварот поврди дека Дончиќ не чувствувал проблеми и ќе биде на располагање за следните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…