Дома Топ вести ПСЖ спреми 240 милиони за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ спреми 240 милиони за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот како слободен агент.

На радарот на „светците“ се две ѕвезди од Серија А за кои се спремни да платат 240 милиони евра. Стаува збор за Рафаел Леао од Милан и Виктор Осимен од Наполи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Леао пред неколку месеци стави потпис на нов договор, но ПСЖ е спремен да испрати понуда од 120 милиони евра, која Милан тешко ќе ја одбие.

Истата сума ПСЖ ќе ја понуди и за Осимен, кој пак сигурно ќе го напушти Наполи на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…