Дома Фудбал Останато Трагедија го погоди регионот: Познат спортист и учесник на олимписки игри загина во сообраќајна несреќа во Хрватска

Трагедија го погоди регионот: Познат спортист и учесник на олимписки игри загина во сообраќајна несреќа во Хрватска

Во тешка сообраќајна несреќа изминатата вечер животот го загубил поранешниот хрватски олимпиец Антонио Рачки.

Несреќата се случила во тунелот „Печина“ во Ријека. Хрватските медиуми пренесуваат дека 19-годишник ја изгубил контролата на возилото и со голема брзина удрил во теретно возило.

Првичнот беше објавено дека животот го загубиле две лица, а потоа дека едно од тие лица е Антонио Рачки, поранешен скијач и учесник на Зимски олимписки игри.

Исто така се наведува дека помеѓу повредените во несреќата е и неговиот син. Рачки кој има 50 години учествуваше на Зимските олимписки игри во норвешкиот Лилехамер во 1994 година, како и во Јапонија во 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака̶…