Дома Фудбал Останато Чеферин ја напушта УЕФА!

Чеферин ја напушта УЕФА!

Претседателот на европската фудбалска организација, Александар Чеферин нема да се кандидира за нов мандат на чело на европската куќа на фудбалот во 2027 година. Оваа вест ја објави познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо.

Чеферин одлуката ја донел две недели откако на површина излегоа тензиите помеѓу него и Звономир Бобан кој до неодамна беше еден од неговите главни соработници.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Легендарниот хрватски репрезентативец беше главен оперативец на УЕФА и близок сорабник до Чеферин, но не можел да помине преку обидот на Чеферин да остане колку што може подолго.

Кон крајот на минатата година Чеферин во УЕФА започна да „турка“ статут кој би му овозможил четврти мандат на чело на европската куќа на фудбалот.

 Актуелниот мандат на Чеферин истекува во 2027 година и според статутот кој е актуелен во овој момент тој не би можел повторно да се кандидира затоа што сегашните правила на УЕФА не дозволуваат еден човек да биде на власт повеќе од 12 години. На челот на УЕФА, Чеферин дојде на местото на Мишел Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…