Дома Фудбал Англија Боели во (не)возможна мисија: Во Челзи сака да го доведе првиот фаворит за наследник на Клоп

Боели во (не)возможна мисија: Во Челзи сака да го доведе првиот фаворит за наследник на Клоп

Како што изгледа Маурисио Покетино е пред отказ во Челзи, Аргентинецот не успеа да го врати тимот на вистинската патека, а по последниот пораз од Вулвс со 2:4 би можел да добие отказ.

Првиот човек на „сините“, Тод Боели веќе ја започнал потрагата по нов стратег. Според последните информации на островските медиуми, Боели одлучил да тргне во (не)возможна мисија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, газдата на Челзи покажал интерес за Чаби Алонсо. Алонсо на фантастичен начин го води Баер Леверкузен со кој е лидер во Бундеслигата. Но, да се убеди Алонсо да седне на клупата на Челзи нема да биде воопшто лесно.

Посебно, затоа што токму Алонсо е првиот фаворит за наследник на Јирген Клоп во Ливерпул на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…