Пред два месеци натпреварот помеѓу Ал Наср и Интер Мајами во Ријад беше означен како „Последниот танц“ на двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата – Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но тоа не се случи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На два дена пред натпреварот Ал Наср соопшти дека Роналдо нема да се појави на теренот поради ситна повреда. Во таква ситуација Интер Мајами одлучи и Меси да биде на клупата.
Аргентинецот само поради скапите карти влезе во игра на десетина минути пред крајот кога резултатот веќе беше 6:0 за Ал Наср. Секако дека тие минути не се доволни за скапите влезници кои ги платија навивачите.
На стадионот имаше и навивачи кои вип билети платија и по 10.385 евра. Стануваше збор за билети кои се продаваа на аукција преку сајтот „Setpick“, почетната цена изнесуваше 185 евра.