Дома Фудбал Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Јирген Клоп создаде нова ѕвезда на „Енфилд“. 20-годишниот десен бек Конор Бредли доби шанса да игра пред Трент Александер-Арнолд и апсолутно ја оправда довербата на германскиот стручњак.

Младиот дефанзивец се истакна на теренот. Тој го постигна својот прв гол за Ливерпул во вториот настап во Премиер лигата, и запиша две асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 68. минута се случи момент кој ова дете ќе го памети цел живот. Клоп реши да го повлече од игра за да добие аплауз, а цел Енфилд потоа се крена на нозе.

Се слушаа извици „Има само еден Конор Бредли“ и сигурно е дека мечот на ова момче против Челзи ќе се памети додека е жив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…