Дома Трансфер зона Не си оди само Чави: Во Барселона се спрема „чистка“ вредна 200 милиони евра

Не си оди само Чави: Во Барселона се спрема „чистка“ вредна 200 милиони евра

Барселона во наредната сезона ќе има нов тренер бидејќи Чави веќе потврди дека ќе си замине, а додека раководството го избира новиот предводник се размислува и за играчкиот кадар.

Според најавите во Барселона се подготвуваат големи промени и се најавува голема „чистка“. Посебно внимание ќе биде насочено кон продажбата на фудбалери со кои би се подобрила финансиската ситуација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот „Спорт“ објави дека актуелниот шампион подготвува реконструкција од која ќе заработи околу 200 милиони евра. Веќе се познати и дел од имињата на фудбалерите кои можат да си заминат.

Помеѓу оние кои би требало да заминат се: Рафиња, Серхио Роберто, Маркос Алонсо и Роналд Араухо од кого се очекува најмногу да ја наполни касата. Покрај споменатите имиња би требало да се појави и уште некое.

Како и да е најавите се дека од наредната сезона ќе гледаме прилично изменета Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…