Дома Фудбал Габриел Хесус постигна гол од невозможна ситуација, никој на стадионот не може да објасни што се случи

Габриел Хесус постигна гол од невозможна ситуација, никој на стадионот не може да објасни што се случи

Фудбалерите на Арсенал синоќа го победија Нотингем Форест со 2:1 на гостински терен во 22. коло од англиската Премиер лига, а натпреварот на Сити Граунд го одбележа неверојатниот гол на Габриел Хесус.

Топџиите успеаја да дојдат до важните три бода кои ги одржуваат во игра за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Моментот кој го одбележа овој натпревар се случи во 65. минута кога Арсенал поведе, а во центарот на вниманието беше Габриел Хесус.

Бразилецот ја прими топката од Зинченко и се најде во шеснаесетникот на домашната екипа, но беше во „мртов агол“ и никој од стадионот не помислуваше дека топката на крајот ќе заврши во мрежата на Нотингем Форест.

Сепак, напаѓачот на Арсенал успеа да постигне гол за Арсенал од речиси невозможна позиција, а никому не му е јасно каде Габриел Хесус успеа да ја протне оваа топка.

Голот можете да го погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…