Дома Фудбал Франк Кеси донесе победа со спектакуларен пенал, Брегот на Слоновата Коска го елиминира Сенегал

Франк Кеси донесе победа со спектакуларен пенал, Брегот на Слоновата Коска го елиминира Сенегал

Брегот на Слоновата Коска со подобро изведување пенали го елиминира Сенегал во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Херој на домаќинот на турнирот е Франк Кеси, кој постигна решавачки удар од белата точка за пласман понатаму.

Брегот на Слоновата Коска едвај се пласираше во нокаут фазата како најслаба третопласирана екипа на турнирот, но успеа да го продолжи настапот турнирот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Натпреварот започна одлично за Сенегал, бидејќи Диало погоди во четвртата минута и предноста се задржа до самиот крај на натпреварот.

Се играше во 86. минута кога Франк Кеси успешно изведе пенал за домаќините и натпреварот отиде во продолжение.

Во дополнителните половина час игра немаше резултатски промени, а патниците во четвртфиналето се решаваа со удари од пенали каде повеќе среќа имаа популарните Слонови.

Херој на домаќините беше Кеси која навистина мајсторски и многу ладнокрвно го измами Едуард Менди.

Играчот од средниот ред на Ал Ахли направи мали чекори кон голот, а потоа упати многу силен и прецизен удар кој ја затресе мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…